Информации и Предговор за Книгата

 

МОЈАТА БОРБА ЗА ПРАВДА И МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА КНИГА 2012: Од авторот г-дин Љупчо Мирчевски-Трепет "МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА"

Автор и издавач: ЉУПЧО МИРЧЕВСКИ-ТРЕПЕТ (р. 1959 год.)Наслов на книгата: "МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА"

Предговор, избор на карти, белешка за авторот и библиографија: ВАСИЛ ИЉОВ, дипл. инж. арх. - советник - конзерватор.

Делумен превод од македонски на англиски, коректура и лектура на англиски јазик: ФРОСИНА АЦЕВCКАПревод од шведски на македонски јазик: ЛИЛЕ СТЕВАНОВИЌ.

Kоректура и лектура на македонски јазик: ВАСИЛ ИЉОВ, дипл. инж. арх. - советник - конзерватор.
Превод од "грчки" на македонски, коректура и лектура на грчки јазик: ВАСИЛ ИЉОВ, дипл. инж. арх. - советник - конзерватор

Никола Симовски, МАКФОРМ-Скопје, компјутерска обработка, дизајн и подготовка за печат на Зборникот.

Компјутерска обработка и подготовка за печат: МАКФОРМ, Скопје
Печат: ВЕБ ПРИНТ, Скопје

Вкупно 438 стр. со прилог од 29 ексклузивни карти во боја и голем број илустрации.

МАКЕДОНСКА КНИГА: "МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА"!

Почитувани љубители на книгата!
Имате исклучителна можност да ја набавите оваа нова книга за МАКЕДОНИЈА, за праисторискиот и историскиот континуитет на МАКЕДОНИЈА, за Зборникот на документи и факти 1995-2011 година под наслов: "МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА" на авторот ЉУПЧО МИРЧЕВСКИ-ТРЕПЕТ.

Според авторот на Предговорот на книгата, г-дин. Васил ИЉОВ:

“Во овој Зборник на документи има конкретни реакции, во дадено време и даден простор, упатени до значајни личности, институции, влади, воени и политички сојузи, официјални претставници на светски сили и организации во врска со присилната поделба на МАКЕДОНИЈА извршена во 1913 година, во врска со фашистичките и фашизоидните дејствувања против МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во подолг историски период, во врска со одбраната на македонското име и достоинство, на македонскиот национален и државен идентитет и интегритет, на македонското име, на македонската писмена, јазична и културна традиција, на континуитетот на Македонската Цивилизација. За таа цел се користат повеќе историски настани, се цитираат релевантни извори, се наведуваат придобивките на МАКЕДОНСТВОТО и МАКЕДОНИЗМОТ и нивното значење за развојот на светската култура и цивилизација, поткрепувајќи го сето тоа со нови идеи и откритија, кои, според д-р Лидија Славеска, ...се резултат на инвентивни и духовно слободни луѓе кои имаат смелост... да зачекорат по нови согледувања за да воспостават изненадувачки, но логични нови сознанија за развитокот на цивилизациите.”

Можеби, со изборот на разновидните АРГУМЕНТИ, а одделно со острината на употребеното ПОИМАЊЕ на МАТЕРИЈАТА, нема да се сложат многумина читатели на овој Зборник на документи, но тие, секако, нема да останат рамнодушни на многубројните преземени иницијативи и активности, како дела на една МАКЕДОНСКА ЛИЧНОСТ и претседател на една МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА, за препознатливата БОРБА за заштита на интересите на МАКЕДОНИЈА и на МАКЕДОНСТВОТО и тоа, можеби, во најкритичните моменти од постоењето и континуитетот на МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА и специфичната, нерамноправната борба против ЛОКАЛНИОТ и СВЕТСКИОТ АНТИМАКЕДОНИЗАМ, давајќи доволно историски податоци, примери, непобитни сведоштва за МАКЕДОНСКИТЕ ЖРТВИ и надевајќи се на искреноста, објективноста и подршката на многубројните МАКЕДОНСКИ ПРИЈАТЕЛИ по СВЕТОТ на СВЕТОВИТЕ.

МАКЕДОНСКА КНИГА 2012: Од aвторот г-дин ЉУПЧО МИРЧЕВСКИ-ТРЕПЕТ: "МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА"
 


Љупчо Мирчевски-Трепет

 


ПРЕДГОВОР
 

На политичката сцена и во борбата за МАКЕДОНИЈА во втората половина на XX век се појави еден нов индивидуален и колективен субјект г-дин Љупчо Мирчевски-Трепет и од него основаната “Внатрешна Македонска Револуционерна Организација-Македонија на Македонците” или скратено: “ВМРО-МНМ”. Брзината на историските настани и опасноста, која демнела над судбината, над интегритетот, суверенитетот и идентитетот на МАКЕДОНИЈА и на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, доведоа до загрижувачки и вознемирувачки активности на македонското иселеништво во опширниот МАКЕДОНСКИ СВЕТ, како и кај многумина пријатели и непријатели на МАКЕДОНИЈА во МАКЕДОНИЈА, на МАКЕДОНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ и во СВЕТОТ на СВЕТОВИТЕ. Оваа книга или подобро речено овој Зборник на документи, слики и карти нема амбиција да ја прикаже целокупната историја на настаните, кои се поврзани со политичките притисоци, заткулисните игри, воените активности и многубројните разновидни дејствија и манипулации за промена на ИМЕТО, УСТАВОТ, ЗНАМЕТО, ПИСМОТО, ЈАЗИКОТ, индивидуалниоти колективниот ИДЕНТИТЕТ на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА и на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Ова издание, кое е насловено: “МОЈАТА БОРБАЗА МАКЕДОНИЈА", претставува избор на документи од хронолошка фактографија за борбата на една МАКЕДОНСКА ЛИЧНОСТ Љупчо Мирчевски-Трепет и на една МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, односно ОРГАНИЗАЦИЈА – “Внатрешна Македонска Револуционерна Организација-Македонија на Македонците" во периодот 1995-2011 година.

Таканаречената “Меѓународна Заедница”, преку свои гласноговорници и извршители во Република Македонија, а и преку директни разновидни грчки блокади и непримерни или непристојни политички, економски, воени и други притисоци, та и преку мизерни поткупи и понижувачки дискриминаторски договори, успеала да наметне не само прием на Република Македонија во ООН под понижувачка и далекусежно штетна референца: Поранешна Југословенска Република Македонија" (“ПЈРМ” или “FYROM”), туку и со воени дејствија во непосредното соседство и војна за дискриминација на МАКЕДОНИЈА и на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во 2001 година, која заврши со наметнат таканаречен “Охридски договор”, кој, според д-р Лидија Славеска, е поштетен за МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ дури и од оној од Букурешт од 1913 година за поделба на МАКЕДОНИЈА, “патем како – колатерална штета – на македонска сметкa.”
Фактографското сведочење за борбата на еден МАКЕДОНЕЦ и една МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА, односно ОРГАНИЗАЦИЈА нуди селектиран материјал за благовременото дејствување, како израз на патриотска непомирливост на македонското иселеништво во Шведска, Западна Европа, САД, Канада, Австралија итн., во врска со неправдата што се правела на МАКЕДОНИЈА и на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во таа ужасна декада (1995-2011 година), како и во бескрајната транзиција (1991-2011 година) околу промената на ИМЕТО, ЗНАМЕТО, УСТАВОТ итн., користејќи двојни аршини и нехумани методи и средства на АНТИМАКЕДОНИЗМОТ за дестабилизација на Република Македонија, промена на нејзиното уставно уредување со крајна цел нова поделба на МАКЕДОНИЈА и евентуално ново прекројување на границите на Македонскиот Полуостров во рамките на тактиката и стратегијата на наметнување “општа глобализација”, “постојана психоза”, “незапирливо осиромашување” и подгреано "фашистичко сонување" за создавање и во нашето непосредно опкружувањенекои наводно “големи држави”: “Голема Грција”, “Голема Албанија”, “Голема Србија”, “Голема Санстефанска Бугарија” итн.

ДРЖАВНО И НАЦИОНАЛНО ЗНАМЕ НА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!

 

Користејќи го античкиот слоган: “Македонија на Македонците”–, МАКЕДОНЕЦОТ Љупчо Мирчевски-Трепет во 1997 година во Шведска ја создаде својата ПАРТИЈА, односно ОРГАНИЗАЦИЈА “Внатрешна Македонска Револуционерна Организација - Македонија на Македонците” (ВМРО-МНМ), како начин на македонско дејствување во земјата и во странство, како политички респектиран субјект за ширење на вистината за МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, за МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, за МАКЕДОНСКАТА ПИСМЕНОСТ и КУЛТУРА, за МАКЕДОНСТВОТО како ФИЛОЗОФИЈА на живеење во СВЕТОТ на СВЕТОВИТЕ и неуморната секојдневна комуникација со релевантните претставници на заедничкиот свет во разновидната борба на мислења и идеи во тој честопати арогантен, нехуман и несфатливо непримерен СВЕТ на СВЕТОВИ, кој од уста не го вади почитувањето на рамноправноста, заедништвото, слободата, правото и праведноста, добрината и просперитетот на целокупното ЧОВЕШТВО, а спроведува РАЗДОРИ, ВОЈНИ, САНКЦИИ и УНИШТУВАЊЕ на цели ДРЖАВИ, НАРОДИ и ЦИВИЛИЗАЦИИ.

Љупчо Мирчевски - Трепет

Главниот императив во подготвувањето на овој Зборник од писма, обраќања, известувања, барања, платформи, т.е. од автентични ДОКУМЕНТИ, во корелација со цитирани разновидни ИЗВОРИ и презентација на повеќе историски карти за ПРАИСТОРИСКИОТ и ИСТОРИСКИОТ КОНТИНУИТЕТ на МАКЕДОНИЈА и на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, е желбата за што пообјективно, поцелосно и попродлабочено проучување на дејноста на МАКЕДОНЕЦОТ Љупчо Мирчевски-Трепет и неговата нерамноправна БОРБА за МАКЕДОНИЈА, секако, со посупериорните СВЕТСКИ СИЛИ и моќни владетели и прекројувачи на СВЕТОТ на СВЕТОВИТЕ, во дадено време и даден простор, единствено со цел да се брани и одбрани МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА, МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ДОСТОИНСТВО, македонското име: – МАКЕДОНИЈА”, кое потекнува од периодот на Великата “Зета МАКЕДОНИЈА” – и е со ПАЛЕОЛИТСКИ КОНТИНУИТЕТ најмалку од 77.000 години, и МАКЕДОНСКАТА ПИСМЕНА, ЈАЗИЧНА и КУЛТУРНА ТРАДИЦИЈА, т.е. МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА, која, според досегашните дешифрирани натписи на оригинални артефакти на АРХЕОЛОШКАТА ЛИНГВИСТИКА од доменот на ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА, има ПАЛЕОЛИТСКИ КОНТИНУИТЕТ од најмалку 100.000 г.п.н.е.

Во овој Зборник на документи има конкретни реакции, во дадено време и даден простор, упатени до значајни личности, институции, влади, воени и политички сојузи, официјални претставници на светски сили и организации во врска со присилната поделба на МАКЕДОНИЈА извршена во 1913 година, во врска со фашистичките и фашизоидните дејствувања против МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во подолг историски период, во врска со одбраната на МАКЕДОНСКОТО ИМЕ и ДОСТОИНСТВО, на МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН и ДРЖАВЕН ИДЕНТИТЕТ и ИНТЕГРИТЕТ, на МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, на МАКЕДОНСКАТА ПИСМЕНА, ЈАЗИЧНА и КУЛТУРНА ТРАДИЦИЈА, на континуитетот на МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА. За таа цел се користат повеќе историски настани, се цитираат релевантни извори, се наведуваат придобивките на МАКЕДОНСТВОТО и МАКЕДОНИЗМОТ и нивното значење за развојот на светската култура и цивилизација, поткрепувајќи го сето тоа со нови идеи и откритија, кои, според д-р Лидија Славеска, –... се резултат на инвентивни и духовно слободни луѓе кои имаат смелост... да зачекорат по нови согледувања за да воспостават изненадувачки, но логични нови сознанија за развитокот на цивилизациите".

ВАСИЛ ИЉОВ, дипл. инж. арх., советник - конзерваторСкопје, Република Македонија,
среда - четврток, 11 - 12. 01. 2012

Превод од македонски на англиски: ФРОСИНА АЦЕВCКА

 

Писмо од Нејзиното Височество Кралицата на Англија Елизабета II

 

 

 

 

 

 

Бакингемска Палата


22 март 2012

 

Почитуван Г. Мирчевски,

 

Кралицата посакува да Ви пишам и да Ви се заблагодарам за подарокот, потпишаниот примерок на Вашата книга, 
„Моја борба за Македонија“, која ја испративте до Нејзиното Височество.

Убаво од Ваша страна што посакавте Кралицата да го добие овој подарок, и јас Ви се заблагодарувам што помисливте 
на Нејзиното Височество, иза Вашите добри желби кои се многу ценети.

 

Со почит,

 

Дворската Дама

 

Г. Љ Мирчевски

 

 

 

ДРЖАВЕН И НАЦИОНАЛН ГРБ НА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!

 

Во таа индивидуална и колективна остра и непомирлива политичка и друга секојдневна БОРБА за МАКЕДОНИЈА, валоризација и категоризација 
на луѓе и настани, итн. честопати гневно и остро ги осудува и некои од него потенцирани „наши внатрешни изроди таканаречени 
политичари, коишто се големи корумпирани ѕверови и
 предавници, коишто работат за нивни лични интереси и кои се збогатиле 
и сé уште
 се богатат на сметка на МАКЕДОНИЈА и на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД“.

Можеби, со изборот на разновидните АРГУМЕНТИ, а одделно со острината на употребеното ПОИМАЊЕ на МАТЕРИЈАТА, 
нема да се сложат многумина читатели
 на овој Зборник на документи, но тие, секако, нема да останат рамнодушни на многубројните 
преземени иницијативи и активности, како дела на една МАКЕДОНСКА
 ЛИЧНОСТ и претседател на една МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА, 
за препознатливата БОРБА за заштита на интересите на МАКЕДОНИЈА и на МАКЕДОНСТВОТО и тоа, можеби, во најкритичните моменти 
од постоењето и континуитетот
 на МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА и специфичната, нерамноправната борба против ЛОКАЛНИОТ и СВЕТСКИОТ 
АНТИМАКЕДОНИЗАМ, давајќи доволно
 ис ториски податоци, примери, непобитни сведоштва за МАКЕДОНСКИТЕЖРТВИ и надевајќи се на искреноста, 
објективноста и подршката на многубројните МАКЕДОНСКИ ПРИЈАТЕЛИ по СВЕТОТ на СВЕТОВИТЕ.

 

Секој, што сака да ја купи книгата “МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА”.

Книгата ја имам објавено и на Македонски јазик. 
Книгата можете да ја читате како Електронски и можете да ја симнете и да ја имате во вашите компјутери.
Книгата со Електронски систем со програмот ПДФ со додавки на нови материали и има 438 стр. Кошта само 6,25 Евра!

 

 

МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА 2012

 

 

Контакт: ljupco_mircevski_trepet@myfightformacedonia.com